Со зголемено темпо продолжува уредувањето и чистењето на локалните улици низ општина Дебарца. Во пресрет на зимата со цел да не дојде до прекин на сообраќајот поради паднатите гранки од тежината на снегот, како што беше во изминатите години каде претходната Локална власт ги остави жителите на селата на милост и немилост отсечени од светот. И за да не се повтори таа ситуација ЈПК „Дебрца“ со поддршка на градоначалникот Игор Трајкоски вложија напори за решавање на овој проблем. Акцијата продолжува во континуитет низ цела Дебарца.