Втора работилница за подготовка на стратегија за рурален развој

Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој ги продолжува активностите за подготовка на Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018. (прв стратешки документ на Општина Охрид од овој вид).

За таа цел Одделението за Локален Економски Развој ќе организира втора работилница на 21 Октомври (Понеделник) со почеток од 12:00 часот во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој со претставници на Месните Заедници од селата: Велгошти, Лескоец, Подмоље, Горно и Долно Лакочереј, Орман, Скребатно, Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула, претставници од Урбанизам, Животна Средина, Фонд за комунален Развој, претставници од НВО и Бизнис секторот.

 На втората работилница ќе се работи SWOT анализа за наведените села.