Жителите на Пекинг ќе возат автомобил секој втор ден по системот пар-непар

Жителите на Пекинг наскоро ќе можат да ги користат своите автомобили само на секој втор ден, по системот пар-непар. Тоа се должи на големото загадување на воздухот, предизвикано најмногу од сообраќајниот метеж кој го создаваат автомобилите.

Одлуката за примената на системот пар-непар деновиве беше одобрена од властите кои треба само да ја најават нејзината примена.

Според статистичките податоци, автомобил поседуваат повеќе од четвртина од вкупно 20-те милиони жители на Пекинг. Покрај индустријата, автомобилите за главни виновници за смогот кој го гуши Пекинг.

Некои жители на Пекинг сметаат дека системот пар-непар треба да биде воведен и да остане постојано да се применува, додека пак други сметаат дека инфраструктурата на јавниот сообраќај е недоволна за да го надомести ограничувањето на користењето на автомобили.

Системот пар-непар веќе е применуван во Пекинг за време на Олимпијадата во 2008 година, а подоцна и извесно време во 2011 година. Користењето на автомобил и сега е ограничено во Пекинг, така што секое возило е исклучено од сообраќај еднаш неделно, на основа на последните два броеви на регистарската табличка.