Света архиерејска литургија за празникот „Св. маченици Сергиј и Вакх и св. маченик Полихрониј“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 20 октомври (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Св. маченици Сергиј и Вакх и св. маченик Полихрониј“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На светата литургија ѓаконот Васко Голабоски ќе биде ракоположен во свештенишки чин. 

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.