Македонски Телеком ги известува своите корисници дека за време на викендот (19 и 20 октомври) ЕВН и МЕПСО планираат да го исклучат доводот на електрична енергија на подрачјето на Охрид.
„Затоа ги советуваме корисниците од Охрид да ја исклучат мрежната и компјутерската опрема (рутер, модем, телевизиски апарат, компјутер) во своите домови во тој период, за да се спречат евентуални проблеми во користењето на интернет и IPTV сервисите“, – информираат од Македонски Телеком.