Притворени две лица од Кичево кои извршиле кражби на пари, накит и злато од куќи во кичевско

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно шест казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(18) и Г.К.(25) од Кичево. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. 

Пријавените, во периодот од Април до Октомври оваа година, во Кичево и неколку околни населени места извршиле шест тешки кражби. По претходен меѓусебен договор, сега притворените со употреба на железна хебла и физичка сила насилно ги отворале вратите и прозорците од куќите во селата Србица, Туин и Аранѓел. Нивната цел биле куќите од жители на тие села за кои знаеле дека се наоѓаат на привремена работа во Швајцарија, САД и во други земји. Откако ќе влезеле, во собите вршеле претурање по покуќнината и алиштата барајќи пари и злато. Накитот и другите златни предмети ги одземале и ги продавале во неколку златарници во Кичево. Парите од продажбата подеднакво ги делеле и ги користеле за свои потреби. 

Пријавените се лица познати на службата против кои досега биле поднесувани пријави за слични казнени дела.