По повод празникот, Денот на Македонската Револуционерна Борба 23-ти Октомври, Општина Охрид покрај останатите активности, организира и велосипедски натпревар низ улиците на централното градско подрачје. Технички организатор на настанот е велосипедскиот Клуб Екодром.
За таа цел сообраќајот низ централното градско подрачје на 23 октомври – среда од 10:30 до 12:00 часот ќе биде во прекин на улиците:
– Маршал Тито
– Партизанска
– Јане Сандански
– Бул. АСНОМ
– Димитар Влахов
– Македонски Просветители
Граѓаните кои во овој период ќе имаат потреба да користат моторно возило, ги молиме претходно да го паркираат на останатите улици на кои сообраќајот се одвива нормално.
Велосипедскиот Клуб Екодром ги поканува граѓаните на Охрид, да присуствуваат на настанот и да ги бодрат велосипедистите во натпреварите.