Поради одржување на кружна велосипедска трка, во среда ќе биде затворен сообраќајот на повеќе улици низ Охрид

Од Општина Охрид ги информираат граѓаните на Охрид, дека поради одржувањето на Кружната велосипедска трка, на 23 октомври (среда) во времето од 10 часот и 30 минути до 12 часот, за сообраќај ќе бидат затворени делови од  кејот „Маршал Тито“, Булеварот АСНОМ,  улиците „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Македонски просветители“.

Општина Охрид, воедно ги моли граѓаните за разбирање и трпеливост, поради кусиот прекин на сообраќајот во дел од централното градско подрачје.