Денес, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска ја посети академијата и тренинг центарот на специјалните полициски сили на Кина каде оствари средба со челните луѓе на полициските вооружени сили.
При посетата на министерката и беа демонстрирани капацитетите, како и начинот на работа и ингеренциите на единиците кои покриваат од физичко обезбедување, преку антитерористички активности, па се до спречување на нарушувањата на јавен ред и мир и помош при катастрофи и непогоди. При посетата од двете страни беше понудена можност за размена на искуства и знаења.
Инаку утре Јанкулоска во Шангај ќе го посети седиштето на шангајската полиција.