Програмата Општинско Корисна Работа претставува активност на долгорочно невработени лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.
Општина Охрид распишува оглас за ангажирање на пет лица на следните работни позиции
- Дефектолог – 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
- Социјален работник – 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
- Психолог – 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
- Техничко лице, средно образование – 1 извршител
- Техничко лице, средно стручно образование, медицинска сестра – 1 извршител
Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат горенаведените критериуми согласно работното место за кое аплицирале. Предност ќе имаат кандидатите кои исполнуваат некој од следните критериуми, односно доколку се:
- лица кои подолго време немаат работа и потешко се вклучуваат во пазарот на трудот
- самохрани родители или еднородителски семејства
- невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен
- лица од многудетни семејства
Кандидатите треба да достават пријава и изјава кои ќе можат да ги подигнат и достават во Агенција за вработување во канцеларија бр.3 на спрат.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени за разгледување.