Општина Охрид распиша јавен оглас за општинско корисна работа

Програмата Општинско Корисна Работа претставува активност на долгорочно невработени лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање  со скратено работно време – 20 работни часа неделно со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.

Општина Охрид распишува оглас за ангажирање на пет лица на следните работни позиции

  1. Дефектолог  – 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
  2. Социјален работник – 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
  3. Психолог – 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
  4. Техничко лице, средно образование – 1 извршител 
  5. Техничко лице, средно стручно образование, медицинска сестра – 1 извршител

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат горенаведените критериуми согласно работното место за кое аплицирале. Предност ќе имаат кандидатите кои исполнуваат некој од следните критериуми, односно доколку се:

  • лица кои подолго време немаат работа и потешко се вклучуваат во пазарот на трудот
  • самохрани родители или еднородителски семејства
  • невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен
  • лица од многудетни семејства

Кандидатите треба да достават пријава и изјава кои ќе можат да ги подигнат и достават во Агенција за вработување во канцеларија бр.3 на спрат.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот. 

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени за разгледување.