Откриен биолошкиот часовник во ДНК

Американските научници го открија биолошкиот часовник кој се наоѓа во нашата ДНК и кој ја мери брзината на стареењето на ткивото и органите во нашето тело.

Часовникот покажува дека поголемиот дел од ткивото старее со иста брзина како и телото во целина, но исто така постојат организми кои стареат многу побавно, а некои многу побрзо. На пример, болните органи можат да бидат и до 10 години „постари“ од останатите органи во исто тело.

Тимот истражувачи од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (UCLA) сметаат дека дешифрирање на механизмот на тој часовник би им овозможило на научниците подобро да го разберат процесот на стареење, а со тоа да дојдат до нови лекови и терапии кои би можеле да го успорат стареењето.

Во студијата објавена во списанието „Genome Biology“, американските истражувачи наведуваат дека испитале ДНК од околу 8000 примероци од здрави и канцерогени ткива. Посебно го анализирале природниот процес кој хемиски ја модификува нашата ДНК, и дека варира со текот на годините.

Часовникот најбрзо работи до 20 година, а потоа успорува. Засега е непознато дали промените во ДНК се тие кои предизвикуваат стареење или се последица на стареењето.

Истражувањето засега дава интересни резултати. Тестовите на здравите срцеви ткива покажуваат дека се помлади за околу 9 години. Болните ткива стареат со различно темпо. Ракот, го забрзува часовникот во просек за 36 години.