Прием на нови членови во хорот при НУ Центар за култура, „Григор Прличев“ Охрид

Мешаниот хор при НУ Центар за култура, „Григор Прличев“ веќе повеќе години работи и постои благодарение на ентузијазмот на неговите членови и поддршката на НУ Центар за култура,општината Охрид и министерството за култура. Овој хор под раководство на проф м-р Александар Димоски имал повеќе настапи во Македонија и странство, а овој период се припрема за новогодишен концерт и гостување во Нови Сад, Србија. Хорот е отворен за нови членови и има проби од 20 часот во вторник и четврток, информираат од НУ Центар за култура, „Григор Прличев“, Охрид.