На 22 октомври во Охрид на ул. „Дејан Војвода“ во стан сопственост на С.Р.(68), непознат сторител извршил тешка кражба. На непознат начин ја отворил блиндор вратата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел една ташна во која имало разновиден златен накит во вредност од околу 1.200.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.