Скопјанец крадел од возила на паркинзите кај Св.Наум и кај Музејот на вода

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д. (30) од Скопје. Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските. Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странски државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска…

повеќе...

Стружанец крадел алкохолни пијалоци од маркети

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (29) од Струга. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 20 до 22 минатиот месец во маркетите „Дрилон“ и „Тинекс“ во Струга. Кражбите ги вршел во згодна прилика користејќи погоден момент, по што противпправно одземал алкохолни пијалоци. Б.П. е фатен непосредно по сторена кражба во маркетот „Тинекс“.

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради извршени кражби во куќи и деловни простории

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.К. (41) од Кичево. Пријавениот, казнените дела ги сторил кон крајот на минатата и почетокот на оваа година во куќи и деловни простории во Кичево. Тој, употребувајќи подесен алат и прибор како и физичка сила, насилно влегувал низ прозорците и вратите во куќи низ Кичево, вршел пребарување низ собите и одземал часовници, туш батерии, чешми, греалки, куфер, електрична пегла, делови од народни носии и други предмети. Во декември минатата година,…

повеќе...

Кривична пријава за лица од Скопје кои краделе во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Е.Д.(21), С.К.(21) како и против две малолетни лица на 16 годишна возраст, сите од Скопје. Кривичните дела, пријавените ги извршиле во раните утрински часови во периодот од 11 до 15 овој месец во следниве деловни објекти во Охрид: Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“, продавницата „Жане“ ДООЕЛ Охрид, во кафе баровите „Мохито“ и „Барон“, сендвичара „Трокадеро“, во магацински простор од ресторантот „Стационе“,кај бурегџилница „Тамам Бурек“ кај градскиот пазар и продавницата „Седо99“. Во…

повеќе...

Превентивен проект на СВР Охрид „Да се заштитиме од кражби“

„Да се заштитиме од кражби“ е превентивниот проект што СВР Охрид отпочна да го реализира преку велосипедската полициска патрола и оделението за превенција. Целта е подобрување на општата безбедносна состојба, но и навремена превенција на граѓаните од сите безбедносни ризици поврзани со кражби по плажи, куќи и станови, кражби од возила, кражби во згодна прилика и други имотни деликти. Во рамките на проектот, полициските службеници-велосипедисти се во постојана комуникација со граѓаните во централното градско подрачје, а посебно на плажите, со угостителите како и со одговорните на паркиралиштата. Спречете дрска кражба,…

повеќе...

Кривична пријава за шумски полицаец од Охрид кој извршил повеќе кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (32) од Охрид, шумски полицаец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела- 10 тешки кражби, од кои две во обид. Во периодот од 13.03. до 26.06.2016 година, пријавениот со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешки кражби во цркви лоцирани во селата Косел, Лескоец и Старо Лескоец, од каде одзел пари во вкупна вредност од 9.000 денари, додека во две цркви не успеал да влезе внатре и не одзел ништо.

повеќе...

Кривично пријавени 19 годишен скопјанец и уште едно малолетно лице за неколку тешки кражби

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Г. (19) и едно малолетно лице на возраст од 16 години од Скопје поради основано сомнение дека Ш.Г. извршил пет кривични дела од кои едно кривично дело “одземање на моторно возило“ и четири кривични дела “тешки кражби“, а додека второтопријавено лице извршило три кривични дела “тешки кражби“. Од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Г. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено, првопријавениот Ш.Г. на 05-ти минатиот месец во точно неутврдено време на ул. “Скупи“ поточно во близина на болницата…

повеќе...

За еден месец 20 годишник од Скопје “организирал“ и извршил четири тешки кражби и едно разбојништво

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против А.М.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил пет кривични дела од кои четири “тешки кражби“ и едно кривично дело “разбојништво“. Исто така кривично се пријавени уште три лица од Скопје кои заедно со првопријавениот учествувале во дел од делата – Б.Л. (23) извршил две кривични дела “тешки кражби“,Ш.И.(27) и Р.Ш. (24) извршиле по едно кривично дела “тешка кражба“. Од страна на Судија на претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека за останатите тројца одредена…

повеќе...

Кривична пријава за лице сторител на повеќе тешки кражби

СВР-Скопје по превземените дополнителни мерки и активности, до надлежното ОЈО поднесе уште две кривични пријави против О.А.(21) од Кавадарци со привремен престој во Скопје, поради основано сомнение дека извршил уште 19 кривични дела од кои 13 ,,тешки кражби“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ и шест ,,тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл. 236/19 од КЗ на РМ. Кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 06.12.2015 до средината на јануари годинава, притоа осум извршени преку ден, а 11 во ноќните и во…

повеќе...

Утре трибина „Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“

„Превенција од провални кражби и разбојништва во златарници и менувачници“ е темата на трибината што, по иницијатива на СВР Охрид ќе се одржи утре напладне во големата сала на СВР Охрид. На средбата, покрај униформирани полициски службеници, претставници на отсекот за превенција и на криминалистичката полиција при СВР Охрид, ќе присуствуваат и повеќе сопственици на златарници и менувачници од градот. Утрешната средба има превентивен и едукативен карактер, а е поврзана со размена на мислења и совети за поголема заштита на овие деловни субјекти и нивните сопственици од сторители на кражби,…

повеќе...