Во вторник (29 октомври), со почеток во 13:00 часот ќе се одржи дванаесеттата седница на Советот на општина Охрид.
За седницата е предвиден следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог Информација за сметководствено евидентирање на прокнижани и непрокнижени обврски на Општина Охрид
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2013-2015 година за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за донесување на Буџетски календар на општина Oхрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за усвојување на годишната Програма за згрижување и воспитно образовна работа на јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ Охрид за учебната 2013-2014 година
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за отстапување право на сопственост на недвижен имот – полигон за обука на возачи од ЈП „Погребни услуги“ Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за отстапување на движни основни средства -возило фолсфаген од ЈП „Погребни услуги“ Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид.
- Предлог Одлука за пренесување правото на сопственост на движни предмети од општина Охрид на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.
- Предлог Одлука за збратимување на општина Охрид со општина Стари Град Сараево -Босна и Херцеговина.
- Предлог Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачи.
- Предлог Одлука за формирање Локален совет за превенција на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог Одлука за формирање на општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид
- Предлог Одлука за формирање на Партиципативно тело за обезбедување стручност и јавност во просторното и урбанистичкото планирање
- Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план за дел од УЗ 2, дел од блок 2.5, опфат 1 општина Охрид, плански период 2011 – 2016.
- Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план за УЗ 2, урбан блок 2.3 опфат 4 плански опфат помеѓу улиците „Даме Груев“, „119“ „Новопланирана 1“, „Новопланирана 2“ плански развој 2010-2015.
- Предлог одлука за усвојување на дополнувањата на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови општина Охрид 2013-2015.
- Предлог одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за ОУ „Живко Чинго “ с. Велгошти на кп.бр.2270/2 КО Велгошти.