Акција за кабаст ​и зелен отпад населб​а „Црногорци“ во сабота

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 26-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Црногорци“. Заради поволните временски услови и уредување на дворните површини и градини, со оваа акција ќе биде опфатено и подигнувањето зелен отпад од оваа населба.

 Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

 Со оваа акција завршува есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст отпад, а во саботите од месец ноември ќе се спроведат акции за подигнување зелен отпад:

  • 02.11.2013 год.: нас. „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“;
  • 09.11.2013 год. : нас. „Воска“ и „Даљан“;
  • 16.11.2013 год. : нас. „Видобишта“;
  • 23.11.2013 год. : нас. „Црногорци“.

 За овие акции граѓаните ќе бидат навремено информирани.