Во месец октомври „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на повеќе речни корита и канали на територијата на општина Охрид. Расчистени се каналите во реонот на „Студенчишко Блато“, речното корито на река Грашница на потегот од „Булевар Туристичка“ до нејзиното влевање во Охридско Езеро и река Сушица од с.Велгошти до населба Црногорци.
Активностите се спроведуваа континуирано подолг временски период, а заради непристапноста на теренот покрај машинското чистење, голем број вработени од „Јавна Хигиена“ беа ангажирани за рачно расчистување. Речните корита и каналите беа претрупани со пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки, па со нивно расчистување се овозможи непречен проток на водата и минимизирање на можноста за поплавување на околното земјиште.