Градоначалникот Трајкоски на средба со жителите на с.Злести

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите на с.Злести каде што од негова страна тие беа запознаени со конкретните проекти кои се преземаат од страна на општината за с.Злести.

Од страна на градоначалникот тие беа запознени дека во планот од општина Дебарца за Злести ќе следи бетонирање на речно корито со кое во иднина нема да има губење на вода во летниот период за наводнување на нивите, потоа беа известени дека ќе се изврши реконструкција на фудбалското игралиште со опремување на соблекувалните и изградба на трибини за публиката.

Исто така присутните беа запознаени дека од страна на општината има поднесено апликација на ИПАРД програмата за изработка на урбанистички планови меѓу кои е и с.Злести бидејќи до сега нема изработено урбанистички план за ова населено место со кој ќе може да се издаваат одобренија за градба на објекти.

Од присутните беше побарано да се исчисти речното корито после селото бидејќи за време на поплави има излевање на истото.

Zlesti01 Zlesti02 Zlesti03