Костовски му даде два гола на Пачовски, Тричкоски промаши пенал, повторно пораз за Јаневски

Во Про Лигата во Белгија активни беа тројца македонски репрезентативци, но и екс-селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски.

Мехелен го победи Леувен со 4:2. Голот за Мехелен го бранеше Томе Пачовски кој прими два голови и тоа од Македонецот Јован Костовски. Костовски на двапати го изедначуваше резултатот за гостите, на 1:1 во 45 минута и на 2:2 во 73 минута. Сепак, на крајот домашните успеаа да постигнат два погодоци, пред се благодарение од предноста од два играчи која ја имаа во последните минути. Александар Трајковски беше на клупата за резерви кај Мехелен, но не доби шанса да влезе во игра и да биде третиот Македонец на овој дуел.

Беверен изгуби на домашен терен од Локерен со резултат 0:2. По првите 28 минути гостите водеа со 2:0, а Иван Тричковски имаше шанса во 42 минута од пенал да го намали водството на гостите, но не успеа по ударот од белата точка. Во второто полувреме, во 71 минута Тричковски излезе од игра.

Чедомир Јаневски и екипата на Монс повторно претрпеа пораз, овој пат на домашен терен од Кортријк со 0:1. Тимот на Монс се наоѓа на последното место во белгиската Про Лига, по 12 одиграни натпревари сеуште е без победа, а има само 2 нерешени резултати.

Во германската Бундеслига, Николче Новески го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Мајнц на домашен терен со 2:0 го совлада тимот на Брауншвајг.

WebOhrid