Официјално затворена школата за сајбер одбрана

Синоќа во Охрид, се одржа свеченост по повод завршувањето на школата за сајбер одбрана во организација на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје и Правниот факултет од Љубљана, а поддржана од Министерството за одбрана. 

На официјалната свеченост завршно излагање имаше државниот секретар во Министерството за одбрана господинот Сашо Стефаноски, при што по тој повод им се заблагодари на двата факултета за успешно организирање на работилницата со посебена благодарност на координаторите на обуката д-р Василка Сацин и д-р Методи Хаџи Јанев.

Во неговото обраќање истакна задоволство од фактот што за прв пат во Република Македонија се организира школа на ваква тема која е многу актуелна и ќе има се поголемо значење во иднина со зголемувањето на предизвиците на полето на сајбер просторот.

Оваа инспиративна тема донесе многу високи претставници од државните институции и вооружените сили, како и научни соработници и претставници од академската средина и граѓанското општество и им овозможи да дебатираат, да дискутираат и да се запознаат со правните и техничките аспекти на сајбер одбраната.

Овој настан постигна исклучително високо ниво на цели, како што се:

– Определување на јасни приоритети за тоа кој, кога и каде е одговорен за потребните дејствија за организирање и изведување на ефективна сајбер одбрана во рамките на сегашните НАТО Сајбер Иницијативи чија цел е да се заштитат владите, критичната инфраструктура, како и цивилното население на сојузниците и земјите партнери.

– Објаснување на сфаќањето зошто спречувањето на сајбер- нападите и градењето на отпорност од сајбер-напади е од клучно значење не само за ефективната сајбер одбраната, туку и за целокупната одбрана.

– Одговорот и разберање на меѓународните правни предизвици за ефективна сајбер одбрана од напади против владата, војската, критичната инфраструктура или цивилите.

– Поттикнување а сеопфатен пристап (преку комбинирање на правните и техничките аспекти меѓу владините функционери и персоналот од сегментот на одбраната и безбедноста) за време на идниот процес на развојот на политиката за сајбер одбрана на земјите од НАТО и земјите парнери.

– Развивање на капацитети за сајбер одбрана со акцент на човечкиот фактор, како еден од клучните елементи на отпорноста од сајбер напади.

– Изведување на две интерактивни вежби според сценарио и демонстрирање на вештини на сајбер одбраната преку малите проекти за развој

Оваа конференција уште еднаш силно ја потврди нашата посветеност кон евро – атланските интеграции. Со користење на Програмата на НАТО наука за мир ние сме во состојба да постигнеме позитивните резултати и стимулираме уште попосветен пристап.

Овој настан ја истакна зголемената работа на Владата на Република Македонија во областа на креирање на Е – влада и целосен пакет на проекти кои ќе следат во оваа област. Овој проект сигурно ќе има потреба од заштита на системот со цел корисниците, граѓаните на Република Македонија, да може да ги уживаат плодовите.“