На 26.10.2013 година во 16:30 часот во Охрид, на ул. „Даме Груев“ при преземање мерки по нарушен јавен ред и мир, биле нападнати двајца полициски службеници. Нападот го извршиле Ј.П.(36) и Љ.К.(35), двајцата од Охрид. Ј.П. со секира на едниот полициски службеник му нанел расекотина во пределот на градите додека Љ.К. му ја скинал униформата на другиот полициски службеник. При приведувањето на лицата истите биле спречувани од страна на Н.С.(52). Трите лица се приведени во Полициската Станица Охрид, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На полициските службеници во Медицински центар Охрид констатирани им се телесни повреди.