Јавното Претпријатие „Нискоградба“, периодов реализира низа активности. Улицата „Крум Точко“ се копа во длабочина од 20 см и двослојно се тампонира. По целата должина на улица „АСНОМ“ се поставува бекатон, се подига потпорно ѕитче и се одбележуваат пешачки зони. Привршуваат и активностите околу заштитната ограда на тротоарот непосредно пред ОУ „Христо Узунов“.
На патниот простор од населбата „Црногорци“ до селото Лакочереј каде веќе е поставена нова канализациона мрежа, деновиве се прават шахтите и прелазите. Инаку претпријатието го заврши тампонирањето и останатите градежни активности на улицата „Петрино“ и се очекува таа да биде асфалтирана деновиве.