Се интензивираат активностите на „Охридски Комуналец“

Јавното Претпријатие, „Охридски Комуналец“, периодов ги спроведува тековните активности. „Паркови и зеленило“, денес работат на отстранување на две дрвја во непосредна близина на Основното Училиште „Св.Климент“ во населба „Даљан“, кои се опасност за учениците и минувачите. Екипите на овој сектор ја продолжуваат веќе започнатата акцијата за порамнување на земјишниот дел меѓу двете коловозни ленти на Булеварот „Туристичка“.

„Јавна хигиена“, периодов ја интензивира активноста на собирање листови од јавните површини, а продолжува и започнатата акција на чистење на речните корита.

Од оваа среда надлежните од претпријатието ќе ги полнат жардинјерите со земја на улицата „Железничка“ по што ќе следи засадување на садници.

Оваа сабота, Комуналец ќе ја спроведе акцијата за собирање зелен отпад од населбите: „Христо Узунов“, „Горна Влашка маала“ и „Карабегомаала“.