Одржана 18-та „Тортијада“

Во саботата се одржа 18-та по ред Тортијада. На оваа тортијада учество зедоа слаткарници од Охрид и жени аматерки. Тортијадата беше од натпреварувачки карактер, а сите присутни гости гласаа за онаа торта која им беше најубава.

Од Аматерките за најубава торта 1 место  ја избраа тортата „Катерина“ на Ристана Божиноска, 2 место тортата „Слатка Магија“ на Маја Мартиноска Грозданоска и 3 место тортата „Чоколадна кошничка“ на Марјана Мартиноска Тодороска.

Од слаткарниците 1 место слаткарница „Мис“ со фустан од излог, 2 место слаткарница „Гордана“ со Јафа и 3 место „Драго“ со Хелло Кити.

Покровител на годинешната тортијада беше Индира Ајруш, генерален менаџер на ИМПАКТ гроуп. Еден дел од тортите хуманитарно се поклонија. Мира Тодороска донира торта за Геријатрија, „Сончева порта“ донира торта на детското одделение во Костозглобна, а Индира Ајруш донира торта на дечињата од Порака. Денеска делегација од Женски Центар„Бисера“ беше во посета на Геријатрија, и ја  предаде тортата од  Мира Тодороска.