Денес во просториите на Општина Дебарца се одржа работен состанок на градоначалникот Игор Трајкоски, директорот на Општа болница – Охрид Љубен Арнаудов и Сашо Василески началник на интерното одделение во Општа болница. На состанокот беше договорено во амбулантата во с.Белчишта да доаѓа еднаш неделно лекар интернист кој ќе врши прегледи во рамките на проектот дисперзирана клиника.
Целта на овој проект е да им се овозможи на жителите од овој крај да ги добиваат во местото на живеење, а не да патуваат до Охрид. Исто така беше отворена можноста овој проект да се прошири и во другите области на медицината.