Избрани новите членови на Советот на Месна Заедница на село Рамне

Вечерва, во 19:00 часот во просториите на Општина Охрид, во малата сала се одржа изборно собрание за избор на совети на Месни Заедници, на кое беа избрани новите членови на Советот на Месна Заедница на село Рамне.

За претседавач беше именуван Трајан Недески, за записничар беше именуван Наум Недески, а за бројач на гласовите беше именуван Никола Велјаноски.

Предложени и изгласани беа пет членови и тоа досегашниот претседател на селото, Никола Велјаноски, Трајан Недески, Наум Недески, Ристе Трајчески и Јован Димоски.