Невреме го зафати југозападниот дел од САД

Силна бура со силен ветар, снег и дожд го зафати југозападот од Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи хаос во сообраќајот.

Се очекува бурата да донесе снежни врнежи во планинските делови на Јута, а  снегот веќе заврна во повисоките делови на планинскиот венец Сиера Невада.

Покрај оштетувања на патиштата во Калифорнија, во Лас Вегас регистрирани се голем број на откорнати дрвја, а во некои области издадено е предупредување за песочна бура. Авио сообраќајот е прекинат поради невремето, а жителите на некои делови од Јута останаа без електрична енергија.