ПС Струга поднесе кривична пријава против В.А.(47) од с.Радолишта, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на јануари 2009 година, пријавениот во својство на директор на ЈП од Струга во два наврати од дворот на РЕ „Колектор“ дозволил да биде подигнато старо отпадно железо со вкупна тежина од 39.380 килограми сопственост на јавното претпријатие, а истото не било книговодствено евидентирано, ниту пак бил книжен приходот од продажбата, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 984.500 денари, на штета на РЕ „Колектор“.