Претставници од Центарот за социјална работа Охрид и претставници од Општина Дебарца утре ќе остварат средби со жителите на село Велмеј и село Лешани. На средбата жителите ќе бидат запознаени за проектот на отворени денови за социјалната заштита во руралните средини.
Овој проект има за цел да обезбеди информирање на жителите од руралните средини за правата и услугите од социјалната заштита. Со проектот ќе се овозможи рано откривање и ран третман за жителите, кои се изложени на социјален ризик како и ублажување на штетните последици, се со цел поголема достапност на социјалната работа и социјалните услуги во местото на живеење на жителите.
За реализација на проектот носители се Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјална работа Охрид.