Во врска со бојкотот на седницата на Советот на Општина Охрид од страна на опозицијата, свој став изнесе ОК на ВМРО-ДПМНЕ во кој стои:
„Поддржувачи на криминал, коруптивни и останати девијантни појави, ваков би бил заклучокот на секој здраво разумен Охриѓанец за охридските Социјал демократи и “Народњаците“, откако ќе им се укаже дека тие свесно и намерно ја бојкотираа денешната седница на Охридскиот совет во знак на протест поради не укината мерка притвор за претседателот на ОО СДСМ Центар, Мирослав Шиповиќ, кој се товари за криминал тежок 1 милион евра. Почитувани “Сдсмовци“ , Вие, кои се заканувавте дека “живи луѓе ќе јадете“, време е конечно да се опаметите и со вашето постоење на политичката сцена да допринесувате во градењето на општественото добро, а не зло кое упорно го чините, односно поддржувате.
Наместо денес да учествувате во креирањето на советничките одлуки кои се битни за нормалното градско пулсирање, вие членови на некој си “Сојуз за иднината“, одбравте да подржувате криминалец кој на работ на егзистенција ги ставил илјадниците вработените од Машинопромет, опустошувајќи ја и крадејќи ја фирмата а со тоа и државниот буџет за лични цели.
Социјал демократи и народњаци, ако барем малку бевте совесни и општествено одговорни, ќе знаевте дека не смеете да го условувате судот со вашите глупави фрази кои практично прекажано би значеле, “ако го пуштите од притвор ние ќе дојдеме на седница“, тоа е исто како кога мало дете ја условува сопствената мајка дека ќе јаде доколку добие нова играчка. Членови на “Сојузот за иднината“ , доста е од вашата детска не сериозност, редно е да понесете општествена одговорност за вашите несериозни однесувања пред се пред охриѓани кои ве изгласале за свои народни претставници, со намера да учествувате во работењето на Советот а не да бегате од него. Подржувачи на Бране и Рада, конечно созрејте и сфатете дека Советот е сериозно тело на извршната власт, а не занимална за мали деца.“ – стои во соопштението од ОК ВМРО–ДПМНЕ Охрид.