Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка“ не се повлечени, туку истите се дислоцирани.
Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка“, контејнерите од оваа сообраќајница се дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка“.
Дежурниот телефон во Р.Е. „Механизација“ 046/265-353 им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.