Локалниот совет на млади денеска ја одржа 2-та редовна седница по однапред утврден дневен ред.
Во текот на седницата беа разгледувани пристигнатите идеи од акцијата за собирање идеи под мотото „Моја идеја за мојот град, да биде вечно млад“ и истите им беа распределени на работните групи, кои во иднина треба да ги разработат и така разработени да ги предадат на разгледување на градоначалникот кој ќе изврши селекција.
Одбраните проекти од страна на градоначалникот ќе бидат составен дел од програмата за работа на Локалниот младински совет.
Акцијата за собирање на идеи, предлози, мислења наиде на голем одзив кај младите, а како доказ за тоа е и големиот број на пристигнати проекти.