Проект: „Направи промена: Биди волонтер“

„Младите можат“ започнаа со имплементација на нов проект: „Make a change: Be a VOLUNTEER“. Овој проект е финансиран од Швајцарскиот Национален младински совет, а е имплементиран во партнерство со „SEED“ – Швајцарија.

Целта на овој проект е јакнење на развојот на заедницата преку вклучување на што повеќе млади луѓе во процесот на волонтирање. Проектот ќе се концентрира на промовирање на волонтирањето меѓу младите луѓе во Македонија како можност за личен, професионален развој и развој на заедницата. Учесниците на овој проект најпрво ќе посетат серија на обуки на кои ќе се запознаат со концептот на волонтерство и локална заедница, ќе научат повеќе за лидерство, тимска работа и градење на тим. По обуките учесниците ќе имаат можност за практично волонтирање во организација, институција или компанија по нивен избор во рок од 2 месеца.

Таргет група на проектот се средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години. Секој кој е заинтересиран да учествува треба да аплицира со испраќање на CV и пополнета апликациска форма (која може да ја најдете на веб страната на Младите можат http://www.youthcan.org.mk/proekt-make-a-change-be-a-volunteer/) на info@youthcan.org.mk. Рокот за аплицирање е до 6.11.2013 (23:59 ч.). Изборот на 25 учесници ќе биде извршен до 12.11.2013.

Проектот е поделен во 4 модули:

Модул 1 – Охрабрување и промена во локалните заедница

(23-24 Ноември) Тренер: Др. Лазар Ѓуров

Модул 2 – Тимска работа и тимбилдинг вештини

(7-8 Декември) Тренер: Др. Лазар Ѓуров

Модул 3 – Поделба на улоги и задачи за волонтерските активности

(21 Декември) Тренери: Иван Јованов и Горјан Славковски

Модул 4 – Практично волонтирање во организација, институција или компанија по твој избор

(Февруари – Март 2014)