Градоначалникот Трајкоски изврши увид на изградбата на заштитниот ѕид во Средоречие

Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски го посети селото Средоречие, со цел да направи увид до каде се градежните работи за изградбата на заштитниот ѕид на реката која за време на поплави се излева и го поплавува целото село.

Градоначалникот продолжува да ги реализира ветувањата кои што ги даде во изборната кампања. Имено, Трајкоски како кандидат за градоначалник ги посети поплавените куќи и уште тогаш им најави на жителите дека со добивање на мандатот веднаш ќе се преземат потребните мерки за санација на овој проблем.

За изградбата на овој заштитен ѕид беа издвоени 700.000 денари од буџетот на Општина Дебарца.

SredorecieZid02