Во делот на се она што се презема од Локалната самоуправа за разубавување на градот, патната инфраструктура, комуналната уреденост и изградбата на инфраструктурни објекти секако дека големо внимание се посветува на планот на јавното осветлување.
После неколку децении Охрид доби уреден и осветлен влез кој не остана незабележан од многубројните секојдневни посетители.
За жал, за не повеќе од 24 часа вандали го уништија осветлувањето и украдоа дел од светликите. Во најголем дел оштетена е макетата на охридската куќа.
Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и вршат увид на местото.