На 6 Ноември, иницијативата Environment and Security – ENVSEC одбележува 10 години во кои агенциите на Обединетите Нации, заедно со ОБСЕ, Регионалниот Еколошки Центар и НАТО работеа на Пан-Европско ниво во насока на трансформирање на еколошките ризици во соработка и заедничко управување на природните ресурси. За таа цел претставници на Влади, експерти и организиции ќе учествуваат на средба на 6ти Ноември во Брисел, Белгија за да се дискутираат предизвиците и идните чекори во регионалната соработка за животната средина и безбедноста.
Еднодневната средба ќе содржи сесија со презентации и излагања за најдобрите искуства во прекуграничната соработка за заштита на водените ресурси на Пан-европско ниво.
Со специјална покана од иницијативата ENVSEC еден од избраните говорници на работниот дел на средбата во Брисел е Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро – член на Дрим кор Групата. Пановски на сесијата во Брисел ќе говори за искуството со прекуграничното управување со Охридското Езеро и Дримскиот басен, предизвиците, градењето на доверба и идните планови.