Кражба во црквата „Св.Атанасиј“ во село Вишни

Четиристотини денари се одземени во тешка кражба извршена во црквата „Св.Атанасиј“ во струшкото село Вишни.

Засега непознат сторител, кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец, со употреба на подесен алат ја оштетил бравата од влезната врата и со физичка сила успеал да ја отвори и да влезе во црквата. Тој започнал со пребарување по што противправно ги одзел парите во разни апоени оставени пред иконите.  

Сторителот на вандалскиот чин веднаш избегал од местото. 

Полициската станица од Струга, по увидот што го изврши на лице место презема мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело.