Работен состанок на второлигашите

На работниот состанок  меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставниците на клубовите од втората фудбалска лига, се зборуваше на теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето. Потоа комесарот за натреварување Васко Дојчиновски, во неговото излагање даде позитивна оценка за тековна состојба во натреварувачката сеозна 2013-2014.

Состанокот го отвори претседателот, по што најави потпишување договор со фирма за спонзорство на фудбалски топки. Состанокот за потпишување на овој договор е закажан за 14 ноември. Истовремено клубовите беа известени дека е потпишан меморандум со  министерството за труд и социјала. Според истиот децата од социјално загрозени семејства  и без родители можат да тренират во младинските школи без паричен надоместок. Ваквата одлука наиде на големо одбрување од сите присутни на овој работен состанок.

Претседателот на лиценцната комисија, Зоран Глигров го објасни клубскиот лиценцен систем за следната сезона. Сите присутни се заложија да се почитуваат правилата за лиценцирање и да се направат напори да се подобри инфраструктурата и во тој правец ја подржаа иницијативата на ФФМ.  Клубовите од втората лига се обврзаа да го почитуваат новиот правилник за лиценцирање кој ќе биде донесен идната година.