Прв меѓународен натпревар на македонски хокејарски клуб после неколку децении

Со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, матичната Хокејарска Федерација, Република Македонија преку хокејарскиот клуб Металург добива свој претставник во регионалното натпреварување во хокеј.

Хокеј клубот Металург од Скопје ќе биде првиот учесник од Македонија кој ќе се натпреварува во регионалната лига БАХЛ (Balkan Hokey League) која е составена со екипи од Бугарија, Грција и Македонија (со најава за учество и на други екипи од Југоисточна Европа).

Екипата на ХК Металург е составена со натпреварувачи од Македонија, Турција, Грција, Словенија и Америка (еден натпреварувач од Турција, еден од САД, два од Словенија и осум од Македонија). Во меѓувреме се врши скаутинг на хокеари со македонско потекло кои се натпреваруваат во младинските категории во Чешка, Шведска, Канада и САД.

Првиот натпревар кој ќе го одигра ХК Металург против Ледени Ѓаволи ќе се одржи на 08.11.2013 год. петок со почеток во 19:50 часот во Софија. Наредните натпревари ќе бидат ХК Динамо Софија и ХК Дњепар Софија.

Првите домашни натпревари ХК Металург ќе ги одигра на 14 и 15 декември на Спортскиот Центар „Борис Трајковски”.

Воедно ова е прв меѓународен натпревар на македонски хокеарски клуб после неколку децении.