Викендов во Суботица се игра третиот круг од BIHL

Од петок до недела во Суботица ќе се одигра третиот турнир од Балканската хокеј лига. Металург ќе игра денес во 20:30 против домаќинот Суботица, во сабота против Славија од Софија во 16:00, а во недела од 09:00 часот против босанскиот првак Вукови Стари Град. Сите натпревари ќе може да се следат во живо на следниот линк: http://www.sportuzivo.tv/v2/ По првите 2 турнири Металург е втор на табелата со 3 победи и 3 порази. Исто така, и инлајн хокеј тимот во недела во Загреб ќе им гостува на екипите Муње и Питони. Натпреварите…

повеќе...

Стартува Балканската Хокејарска лига

Агенцијата за млади и спорт и официјално потврди дека претстојниот викенд започнува Балканската лига во Хокеј на мраз, чиј организатор е Македонската хокеј федерација. Проектот е поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт, во насока на промоција и афирмација на овој спорт во нашата земја. Во лигата ќе настапуваат 8 екипи, од 5 балкански држави (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција) поделени во 2 дивизии. Во првата дивизија ќе настапуваат екипите на: Металург од Скопје, Спартак Суботица, Славија Софија и Вукови Сараево. Во втората дивизија ќе…

повеќе...

„Skopje Ice Festival 2015“ од 13 до 15 ноември

Во рамките на прославата на денот на ослободувањето на градот Скопје 13 ноември традиционално се одржува SKOPJE ICE FESTIVAL 2015 кој е поддржан од градот Скопје и ќе се одржи од 13–15 ноември. На турнирот ќе учествуваат 9 тимови од балканските земји и тоа: Група А: ХК Металург Скопје/ Македонија Ираклис Солун/ Грција Блед Класик Хокеј тим/ Словенија Група Б: ХК Спартак Суботица/ Србија ХК Славија Софија/ Бугарија Блејски Витези/ Словенија Група Ц: Ред Стар Софија/ Бугарија Вукови Стари Град Сараево/ Босна ХК Славија Љубљана/ Словенија Распоред: Петок 13.11.2015 18:00…

повеќе...

„Пиратите“ ја почнуваат новата сезона

На 25 октомври во Загреб, Република Хрватска започнува новата сезона во ИНЛАЈН хокеј. Хокеарите на Металург познати како „Пирати“ ќе одиграат два натпревари и тоа против белградски Партизан и во вториот натпревар против Динамо од Загреб. Минатата сезона „Пиратите“ го освоија второто место во Плеј-оф натпреварите и тоа со пораз по пет одиграни натпревари од 3:2, против повеќегодишниот шампион екипата на Куне од Загреб, која е инаку и поголемиот дел од хрватската инлајн репрезентација која оваа година го освои првото место во натпреварите од Светскиот Куп Првата дивизија.

повеќе...

Металург ја освои шампионската титула во БАХЛ

Екипата на Металург со упедлива победа над Динамо Софија ја ја потврди шампионската титула во регионалната БАХЛ лига. Пиратите во ова натпреварување уште еднаш ја потврдија својата класа, совладувајќи го домашниот тим со резултат 6-2, по периоди (2-0, 1-0, 3-2). „Пиратите“ одиграа одличен натпревар навестуваќи уште една сигурна победа во воведниот период, кој го добија со двата погодоци на Шимчиќ. Во вториот период, „металурзите“ преку Внук ја зголемија предноста на 3-0, а во завршниот дел истиот играч постигне уште два погодоци, по што Анастасов го постави конечниот резултат од 6-2.…

повеќе...

Победа за хокеј репрезентацијата на Македонија во вториот натпревар против Бугарија

Денес на хокеј арената на спортскиот центар Борис Трајковски се одржа вториот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија. Овој натпревар во регуларниот дел заврши со резултат 3:3, а по изведувањето на пенали победа извојува репрезентацијата на Македонија со 4:3. Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук 2 и Давор Анастасов, а Димитри Прокудин имаше 2 асистенции. Головите за Бугарија ги постигнаа Атанас Ковачев, Ѓорги Искренов и Кристијан Семков.

повеќе...

Македонската хокеј репрезентација го одигра својот прв натпревар

Македонската репрезентација во хокеј на мраз го одигра својот прв, официјален натпревар. Денес, на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје нашите хокеари одиграа со младата репрезентација на Бугарија доживувајќи пораз од 5-6 (2-0,1-2,2-3,0-1) по изведувањето на пеналите. Во рамноправен меч нашите хокеари поведоа со 5:3, но во третата третина дозволија гостите од Бугарија да стигнат и да израмнат, а потоа со голот на Георгиев во серијата изведување пенали да дојдат до триумф. Но, сето тоа е најмалку важно во моментите кога пред се македонскиот хокеј означува нова страница од…

повеќе...

Прв историски меѓународен натпревар на македонската хокеј репрезентација

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се оддржа прес-конференција по повод одигрувањето на првиот историски меѓународен натпревар на македонската хокеј репрезентација. На прес-конференцијата се обратија Директорот Марјан Спасески, претседателот на Хокеј Федерацијата на Македонија Никола Тасев и селекторот на македонската хокеј репрезентација Јуре Внук. Спасески истакна дека престојниот викенд ќе бидеме сведоци на историски исчекор на Македонскиот хокеј на мраз, со одигрувањето на првиот официјален натпревар, како домаќин. Претстојниот викенд ќе бидеме сведоци на историски исчекор на Македонскиот хокеј на мраз, бидејќи Македонската хокеј репрезентација ќе го…

повеќе...

Успех на македонскиот хокеј клуб Металург на Балканското хокеј првенство

Хокеј клубот „МЕТАЛУРГ во оваа натпреварувачка сезона настапува во Балканската хокеј лига БАХЛ во Софија, Р. Бугарија. Во изминатите години во оваа лига настапуваа тимови од Грција, Романија и Турција. Денес лигата е поделена на две групи во кои настапуваат 10 клубови. Хокеј клубот „МЕТАЛУРГ” се натпреварува во А групата. Изминатиот викенд во периодот од 24 до 26 октомври македонскиот претставник ХК„Металург” од Скопје ги започна натпреварите во Балканската хокеј лига во Софија, Р. Бугарија. На првите натпревари тимот го сочинуваа: Владе Илиевски,Александер Петров, Ивица Тасков, Кристијан Грчевски, Кристијан Ташевски,Стефан…

повеќе...

Хокеј викенд во Софија за клубот на Металург

Хокеј клубот на Металург овој викенд ги одигра натпреварите од четвртото, петото и шестото коло во Балканската хокеарска лига. Натпреварите и овојпат се одиграа во Софија, во ледената арена при спортскиот комплекс на Славија. Металург кој беше засилен со неколку нови играчи одигра далеку подобро од првите кола и со малку среќа можеше да запише и некоја победа. Тренинзите на лизгалиштето на СЦ „Борис Трајковски“ изминатите две седмици придонесоа играта на Металург да се подобри драстично што се гледа и по резултатите на клубот. Во петокот Металург загуби од тимот…

повеќе...