На 8 Светско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори, Берат Јакупи освои бронзен медал во категорија +78кг (јуниори -21 год).
Јакупи на патот до бронзата оствари 5 победи, и само еден пораз. Тоа е прв медал на Светско првенство за македонскиот каратист, кој претходно има 4 медали од Европските првенства, во исто толку возрасни категории (три златни, во кадетска, јуниорска и конкуренција на постари јуниори, и еден сениорски бронзен медал).
Во првиот ден на СП настапија пет македонски претставници: Берат Јакупи, Пулексенија Јованоска, Симона Заборска, Филип Ѓурчиновски и Мартин Петрески.