Комплетно реконструирана улицата „Петрино“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска беше во обиколка на комплетно реконструираната и асфалтирана улица „Петрино“.

„После подолг временски период жителите на Петрино можат конечно да се движат по уредена и асфалтирана улица. Во неколку мои претходни изјави кажав дека нема да дозволам како до сега да се спроведува пракса улиците да бидат асфалтирани само за изборни цели, без претходно да се спроведат сите стандарди кои ги налага секторот за комунален развој при Општина Охрид, односно да се асфалтираат улици без задоволување на комплетните стандарди и токму од тие причини исти таков проблем имавме и на оваа улица. На оваа улица недостасуваа 200 метри водоводна мрежа, потребна беше реконструкција на старата водоводна мрежа и не беше обезбеден соодветен тампон. Денеска  добивме улица која ги задоволува сите стандарди за нормално користење“, – изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Улицата  „Крум Точко“ , која што се наоѓа во слична ситуација, без водоводна и канализациона мрежа, од денес продолжува да се асфалтира, така што со овие две улици го завршува годишниот план што претходно беше зададен од секторот за комунален развој и сообраќај. Од наредната година се продолжува со поинтензивно асфалтирање на голем број улици во градот, во околните населени места и селата, онака како што беше претходно најавено.

pETRINO_SANACIJA_4852 pETRINO_SANACIJA_4854 pETRINO_SANACIJA_4853