Искористување на можностите на ИПАРД програмата 2007-2013 за 2013 година

Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид и канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието, објавија информација во врска со годишните активности и резултати по објавениот јавен повик 1/2013 за користење на средства од Европската Унија во ИПАРД програмата во мерките:

1. Мерка 101 – Инвестиции за земјоделските стопанства зо преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија

2. Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија

3. Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.

 Согледувајки ја состојбата во работењето на Секторот во изминатиот период од 7 години и негативните резултати во однос на користење на средствата од оваа програма, на иницијатива на Градоначалникот на Општина Охрид се отвори Канцеларијата за административни работи стручна поддршка на развојот на земјоделието во состав на Секторот за ТЛЕР.

Со цел пошироката јавност да биде запознаена со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД програмата 2007-2013 и начинот на користење на средствата од програмата, Секторот ТЛЕР и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид, започнаа со интензивна организација на информативно-едукативни работилници кои наидоа на широк одзив кај заинтересираните страни и лица кои започнаа да ја посетуваат канцеларијата и поблиску да се информираат околу нејзината работа и услугите што таа ги нуди. 

Стручните лица во Секторот за ТЛЕР работејки на терен ги запозна потенцијалните корисници со условите, процесот и начинот на доставување на апликациите, а беа овозможени и директни обуки од страна на претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на која присутните беа запознаени со новите измени на ИПАРД програмата и националните програми.

Голем број на граѓани го искажаа своето задоволство што со доаѓањето на новата локална власт на чело со Градоначалникот Никола Бакрачески, некој се сетил на нив, зошто во минатото, никој не ги посетил, ниту ги информирал за постоење на можности за аплицирање за користење средства од ИПАРД програмата, ниту од локалните претставници, ниту од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Резултатот на ваквите напори на стручните служби на Секторот за ТЛЕР се  согледува во податокот што оваа година до крајниот рок за аплицирање на искористување на средства од ИПАРД Програмата, до Секторот ТЛЕР – Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието се обратија голем број заинтересирани лица за пошироко информирање, а беа поднесени 21  барање за добивање потврда за аплицирање во ИПАРД програмата, а во согласност со стратегијата на одржлив економски развој на Општина Охрид, посебно со приоритетот за развој и истите се изготвија и се предадоа на барателите.

Само за споредба, во минатиот период од 7 години не се поднесени токав број барања, а во 2012 година, се поднесле само 2 барања.

Во Секторот за ТЛЕР и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието се свесни дека само со информираност на граѓаните и сите заинересирани, може да се очекуваат резултати и во иднина ќе продолжи со сите потребни следења и активности околу ИПАРД програмите, развојот на земјоделството и руралниот туризам на територијата на Општина Охрид.