Колумна: Египќаните својот „спас“ да го гледаат во ликот и делото на д-р Никола Бакрачески

Драги мои, ако се обидеме и посветиме малку време за една скулптурна анализа на последните политички збиднувања во Македонија, особено во периодот пред, за време и по одржувањето на последните локални избори во Македонија, со посебен осврт околу прашањата поврзани за статусот за етничката заедница на Египќаните во Македонија, кои претежно се лоцирани во градовите Охрид (каде ги има убедливо најмногу, неофицијално веднаш зад доминантниот Македонски народ), и во цела 5 изборна единица, каде неофицијано со право на глас се над 6000 Египќани, притоа земајќи ги во предвид, ретроактивно изминатите 10 години, Египќаните, како автохтон етникум во Р.Македонија, за жал, останаа само како „граѓани“ потребни само за избори, и потоа неправедно позиционирани на  маргините на општественото, културното, економското, политичкото живеење во Македонија.

Ветувања пред избори, мал милион, остварени ветувања со содржајни интегрирачки и фундаментално основани елементи, сведени на популарното „ќе биде“. Тоа, во последните 8 години, многу го чинеше мојот народ, кој во сегашна позиционираност е пред најголемиот нејзин предизвик ќе ја биде или нема да ја биде. Изолирана, неинтегрирана, десоцијализирана, со неправедно спроведена имплементација на Охридскиот Рамковен договор, слободно може да се дефинира како етникум која лесно може да се претопи  во едно од двете етникуми Албанскиот- јазикот, традициите, обичаите, културните елементи иако од ова временска перцепираност, албанскиот фактор и не е толку „загреан и заинтересиран“ иако не би му било на одмет, доколку тоа се случи и секако секогаш присутниот „ромски фактор“ преку кој многу Египќани, ефектуираат основни права и слободи, кои во модерните демократии се остваруваат по автоматизам, но тука, колективните права се пред и над индивидуалните што дополнително ја усложнува и онака „комплицираноста“ на „Египќанското прашање“, кое сега на ова ниво и овој стадиум, е поставено на ниво на „заложничка група“ ставена под „окупација“  на индивудуалматеријалисти, со сомнително минато и сегашност.

Дефилирањето на нови политички ликови кои не го носат товарот на „политичари од времето на транзицијата“ кои  внесоа нови, модерни демократски правила на игра, базирани врз „принципот на исполнетост и држење за договореното“ со внесување на елементи на граѓански концепт, кој на електоратот и тоа како му беше  неопходен, даде резултат со убедливата победа на д-р Никола Бакрачески, кандидат за Градоначалник на Охрид, од редовите на десничарската ВМРО-ДПМНЕ, но токму таа инкорпорирана и толку неопходна „граѓанска примеса“ предводена од слоганот „Сите сме Охриѓани“ дадоа резултат за секоја почит, притоа дефинирајки корпус на демократски правила на игра, на кои сите ние, доколу  посакуваме напредок на сите полиња, мораме да ги почитуваме. Во едно мултиетничко општество, нормална појава е, да егзистираат и индивидуалци или групи кои можеби не се согласуваат со тие правила, можеби поинаку ја перцепираат  објективната стварност, но токму во тоа лежи суштината на демократијата=слободата на мислата и говорот, тоа ги движи работите напред.

Никој не се сомневаше во човечките, хуманите, корекните  позитивни карактеристики на личноста  на д-р Бакрачески, туку во неговиот  пристап во политиката со слоганот „СИТЕ  СМЕ ОХРИЃАНИ“ кои дефинитивно ги декласира етничките предзнаци на граѓаните кои партиципира во партии со етнички предзнак. Тој нов пристап и политички новитет дефинитивно се покажа корисен, транспарентен, деетнизиран и конечно почеток на вреднување на индивидуалните права  виза ви колективните. Зошто токму д-р Никола Бакрачески, актуелниот Градоначалник на Охрид е условно кажано, последната надеж за просперитет, односно опстанок на овој автохтон етникум на мултиетничката карта на Македонија.

Прво, долгогодишното „распнување на потенцијалното гласачко тело“ на Египќаните, создаде т.н. „состојба на криза на идентитетот и внатрешни поделби“ како резултат на изгубената верба во себе, и во лојалните лидери, кои ветиле бидејќи им било ветено, па не реализирале, што доведува до состојба  на губење на доверба, а со самото тоа и губење на политичкиот легитимитет.

Второ, оваа состојба на неможност на остварување на правата и слободите кои им се уставно загарантирани, особено егзистенцијалното право неминовно ја опфати и онака кревката и мала етничка заедница на Египќаните, која мораше да се бори и внатре во самиот колективитет и надвор, со ограничувачките фактори, што секако е ужасно тешка работа. Но, работите се усложнуваат во оној момент кога ќе преовладува индивидуал-материјализмот, кога ќе се вмешаат некадарни и во најмала рака „шиткачи“ заради остварување на личен интерес, притоа безмилосно рушејќи се што некој направил на научно поле, некој на општествен план или некој Египќанец „крваво“ се борел на политички план. Но, тоа во овие квазидемократии се нормално ненормална појава, со „амин“ на самите инстутуции, кон незаконските дејанија кои ги чинеа и ги чинат, но во помала  мера, одредени „лихварски групи“, кои се служеа/ат со насилни средства, или  со теоријата на силата, која противречи на самите демократски придобивки.Тој неприроден, демодепроцес, единствено може да го делегитимира, да го одстани како  наметнато со сила, туго тело, во организмот на етничкиот кампус на Египканите, единствено личност со авторитет, мок, интелектуален потенцијал и харизма, олицетворена во ликот и делото на д-р Никола Бакрачески, кој освен носител на фунцијата Градоначалник, патем е член и на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, што дополнително влева надеж во песимистичките и очајни погледи на Македонските Египќани.

Трето, донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, донекаде и ќе ја амортизира таа состојба на т.н. дискурс на позиционирање по нивоа на етничките, оние помали заедници во Македонија, кои макотрпно се борат да фатат што подобра пол позиција за реализирање и уживање на уставно загарантираните права и слободи. Ова, во крајна линија неприродна состојба, произлегува од самата парламентарна демократија која го фаворизира колективитетот виза ви индивидуата, поединецот, граѓанинот. Но, тој модел на демократија, самите си го одбравме, и еве ги консеквенците од за мене неприфатливата и нефункционална во вакви сложени социопоплитички односи помеѓу самите етникуми.

Појавата на политичката сцена на еден модерен, демократски ориентиран политичар, од рангот на д-р Никола Бакрачески, ќе го надополни отсудсвото на „лидерство во самиот етникум“  што е една од основните причинско последични појави, поради „тапкање на место“ на припадниците  на етничката заедница на Египќаните.

Со преземањето „под свое“, д-р Никола Бакрачески, ќе ги скрати страданијата и талкањето на граѓанинот Египќанец, особено од некои новоформирани „сателит партии“ таа визија, моќ, и авторитет, без сомнение го поседува д-р Бакрачески, не само во Охрид, ами и во Ресен и во Битола и во Струга и на ниво на Македонија, бидејки истиот тој им помогнал на многумина Египќани, пред се’ и над се како човек, истакнат лекар и тоа  без претходни математики. Ете, затоа мислам дека Египќаните не случајно коментираат дека токму нивниот сограѓанин, пријател, нивниот доктор, Никола Бакрачески би можел конкретно да им помогне на Египќаните, во патот кон нивното интегрирање во системот како лојални граѓани на Македонија.

Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.