МСО ги заврши предвидените активности од втората фаза од програмата за промоција на позитивните вредности

Младински Совет Охрид, во изминатиот период, ги заврши предвидените активности од втората фаза од програмата за промоција на позитивните вредности. Втората фаза од програмата, која заврши неодамна,  ја реализираа претставници од основните и средните училишта, настаници по предметите Социологија, Етика и Граѓанско образование, како и претставници на стручните служби во училиштата. 

Во основните училишта беа вклучени ученици од 6 – 8 одделение, а во средните ученици од прва до четврта година.  Реализирани беа вкупно 34 работилници, при што опфатени се 880 ученици.

Во заклучокот од спроведените пилот активности може да се каже дека учениците се свесни за позитивните вредности, особено оние позитивни вредности кои ги добиваат од своите семејства, а тоа се почитување, слога, мир, љубов, соработка, одговорност, правда, разбирање, недискриминација, внимание, слобода, комуникација, добрина, чесност, среќа, хуманост, пожртвуваност, храброст, доверба, отвореност, верност, искреност и поддршка. Но свеснии се и за фактот дека не секогаш се успева со добрина, чесност и дека на доброто со добро се враќа. Вредностите кои ги истакнуваат, ги применуваат во своите поблиски кругови, надвор од тие кругови тие се воздржани, а дел од нив се затворени и повлечени.

Исто така учениците треба повеќе да се насочуваат кон градење свест за препознавање на вистинските вредности во животот, како од страна на наставниците, така и од страна на родителите. Покрај тоа треба посебно да се внимава кои ТВ програми им се дозволуваат на децата и за кои цели го употребуваат интернетот. Тоа укажува на фактот дека кај учениците постои слепо прифаќање на се, во врска со некоја личност на која и се восхитуваат наспроти држењето на некоја критичка дистанца од неа, меѓутоа она што може да се забележи е дека и покрај влијанието на моделите кои им се достапни во животот и тежнението да бидат како нив, сепак каракеристиките на самите ученици се оние кои остануваат како трајна вредност. 

Интерактивните работилници се реализираа во средните училишта „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Питошески“ како и во основните „Христо Узунов“, „Братство Единство“, „Св. Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“ од Лескоец, „Живко Чинго“ од Велгошти и „Св. Наум Охридски“ од Пештани.

Пилот активностите кои во изминатиот период беа реализирани во основните и средните училишта, укажаа на потребата од пренесување и градење на позитивни вредности кај младите. Младински Совет Охрид наскоро ќе ја запошне третата фаза од програмата, со нови форми и содржини.