Нов државен рекорд за Михаил Шишкоски

Викендот се одржа петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје- меѓународна програма  во Штип. 

Не запира серијата на рекорди за Михаил Шишкоски, кој овај пат испука 596,8 кругови, за 1,6 кругови  повеќе од досегашниот рекорд што го испука само еден месец претходно во Скопје. Пријатно изненадување ни подготви Горан Здравески, пласирајќи се на втората позиција во сениорска конкуренција со резултат од   584 кругови. Во севкупен пласман Гоџоски Мартин заврши како петтопласиран, односно второпласиран во јуниорска конкуренција со резултат од 548,6 кругови. Веднаш зад него се пласираа Кирил Миленкоски и Васко Попоски. 

Кај девојките пак, Балабан Нина овој пат мораше да се задоволи само со прво место и резултат од 397,6 кругови, без државен рекорд. Верица Гоџоска заврши како третопласирана со резултат од 382,8 кругови, додека пак како шестопласирана заврши Ангела Алексовска. На осмата позиција се најде Јана Маркоска со резултат од 358,9 кругови, 26 повеќе од нејзиниот прв резултат. 

И покрај високите резултати на охридските стрелци, темна дамка на стрелаштвото сеуште оставаат неправилностите од страна на МССФ која и понатаму организира натпревари на стрелишта кои не ги исполнуваат пропишаните услови.