Во среда ќе биде отворена изложбата „Соединување“ од Анета Вршкоска Јованоска

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во среда, 18 септември ќе биде отворена втората самостојна изложба „СОЕДИНУВАЊЕ“ од Анета Вршкоска Јованоска, со почеток во 20:00 часот.