Во Охрид наскоро ќе започнат работите за подигнување на спомен обележјето посветено на Водици

Во Охрид наскоро ќе започнат работите за подигнување на спомен обележјето посветено на Водици. Постаментот на споменикот ќе биде готов до големиот христијански празник Богојавление, а во првата половина на 2014-та година ќе биде поставен споменикот во центарот на Охрид. 

„По работната средба која ја имавме со градоначалникот на Општина Охрид, д-р Никола Бакрачески и надлежите во локалната самоуправа, ги дефиниравме работите за споменикот и се договоривме наскоро да започнеме со активностите  на терен, на брегот на Охридското Езеро, кај градското пристаниште, простор што беше одреден од страна на Одборот за подигнување на спомен обележјето. Работите на постаментот треба да завршат до големиот празник Богојавление 2014-та, кога на 19-ти јануари таму ќе се одржи најмасовната прослава на Водици во овој дел од правосланиот свет. Очекуваме скулптурата да се излее и изработи во првата половина од идната година и да се постави како ново споменично обележје на најубавиот дел од Балканскиот Ерусалим, кое ќе ги задоволи срцата на христијанските верници од Охрид, Македонија и пошироко“, – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија Адора Инженеринг, Кум на Водици Охрид-2012 и донатор на спомен обележјето на Водици во Охрид.

SpomenikVodici02