Поради експлозија на гасовод во руралниот ден на Милфорд, град кој се наоѓа во Тексас, САД, биле евакуирани 700 жители, додека пак патиштата во радиус од два километри биле затворени за сообраќај. Експлозијата ја предизвикале градежни екипи кои случајно го продупчиле гасоводот. За среќа нема повредени.
Според најавите, високиот пламен би можел да гори во наредните 36 часа, па според тоа била извршена евакуација на населението.
Затворањето на дотокот на гас не било лесно изводливо, па надлежните се одлучиле дека најдобро би било огнот да гори, додека гасот тече и низ оштетениот и низ поголемиот гасовод, кој се наоѓа во близина на огнот. Според нив, протокот на гас го лади гасоводот, а негово затворање би можело да доведе до нова експлозија.